Поврзете се со нас

Шпанија

Бензема: Ако некој ја заслужува „Златната топка“, тоа е…

Објавено

на

foto:twitter.com/ittihad_en

Родриго Ернандес Касканте или попознат како Родри е асот кој беше прогласен за најдобар на светот во 2024 година или поточно го доби најпрестижното издание „Златната топка“.

Родри имаше успеси со Шпанија и Манчестер Сити, а тоа на крајот му помогна да ја добие битката со првиот фаворит за трофејот Винисиус Жуниор од Реал Мадрид. Многумина го видоа, очекуваа Бразилецот да го крене признанието, но се случи друго сценарио за кого има реакции, коментари, нешто што е неизвежно кога се работи за оваа награда.

„Кралевите“ се убедени дека Вини Жуниор е „ограбен“ за трофејот, а сличен став дели и некогашниот напаѓач на шпанскиот првак, Карим Бензема.

-Не сакам да зборувам за Франс Фудбал или Франција. Како што веќе кажав, и не е само оваа година, кога бев во Мадрид, Винисиус е играч кој вложи многу труд. Не се работи само за постигнување голови. Во Лигата на шампионите што Мадрид ја освои минатата сезона беше одлучувачки на секој натпревар. Мислам дека нема друг кој го заслужува тоа повеќе од Винисиус.

-Немам ништо против Родри, тој е одличен играч, но кога сум на креветот, гледам телевизија и не гледам работи што ме тераат да кажам „уф“. Винисиус тоа го има направено повеќе од еднаш. Тој ја заслужува Златната топка, -вели Карим кој разговарал со Бразилецот.

-Разговарав со него, му пратив порака. Тој беше тажен, тоа е нормално. Тешко е кога сите ќе ве видат дека сте добитник на Златната топка и на крајот неколку часа пред да церемонијата ви кажат дека нема да  ја добиете. Тој е добро момче, ќе работи и еден ден ќе победи, -порача Бензема за „Ел Чирингито“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни