Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Бентанкур со почетничка грешка во 60. секунда ги шокираше фановите на Јуве (Видео)

Објавено

на

Играчите на Јувентус уште не влегоа во мечот и не добија шанса да наметнат темпо и свој ритам, бидејќи по само 60 секунди, Бентанкур направи кратастрофална и почетничка грешка која едноставно е недопустлива во Лигата на шампионите.

Италијанскиот првак замина како фаворит во Португалија, но веќе во првата минута имаше негатива откако играчот за врска на Јувентус направи ужасен потег и им подари гол на гостите.

Во непотребните додавање во опасна зона, последната и најголема грешка ја направи Бентанкур, кој наместо до Шчесни, топката ја додаде до Тареми кој со лизгачки старт ја внесе топката во мрежата за големо водство.

Иако е премногу рано за било какви заклучоци, Порто доби огромен подарок од Јувентус во овој осминафинален двобој, па дали избраниците на Пирло ќе се рехабилитираат од почетниот шок, останува да видиме.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни