Поврзете се со нас

Англија

Бентанкур ќе добие драконска казна поради невнимателната шега кон својот соиграч Сон!

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

Родриго Бентанкур е стандарден дел од тимот на Тотенхем и игра важна улога во системот на Анге Постекоглу, а последните најави од Англија најавуваат еден голем проблем за предводникот на „петлите“.

Како што стојат работите, дисциплинското тело во ФА решило да покажува строгост и ригорозност кон уругвајскиот репрезентативец, кој поради еден шеговит коментар кон својот соиграч Хеунг Мин Сон, сега ќе биде во аут седум меча.

Угледните англиските новинари најавуваат дека Бентанкур ќе добие суспензија од седум натпревари, па во исчекување оваа одлука да биде официјална, фановите веќе почнаа со реакции на социјалните мрежи.

Многумина сметаат дека казната која ја добива Бентанкур е престрога, бидејќи и самиот Сон ја прифати шегата и воопшто не се навреди од истата.

Бентакур во едно интервју за уругвајски медиум порача дека сите Корејци изгледаат исто и дека не е важно дали добива дрес од Сон, или од негов братучед, а бидејќи ова беше протолкувано и како расистичка навреда, ФА реши да употреби една од најтешките казни.

На Бентанкур не му помогна ниту тоа што Сон сведочеше во негова корист пред фудбалската асоцијација, па сега ќе мора да се помири со казната, а во иднина да биде и многу повнимателен кога дава изјави.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни