Поврзете се со нас

Англија

Бентанкур испрати порака од болничкиот кревет по шокантниот момент на теренот (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/SpursOfficial

Родриго Бентанкур ги преплаши фановите во Северен Лондон уште во раната фаза од натпреварот против Ливерпул, откако Уругваецот остана неподвижен да лежи на земјата по еден неуспешен обид да ја зафати топката со глава.

Играчот за врска колабираше во навистина чудни услови и ги заледи сите присутни на теренот и трибините, но брзата лекарска интервенција направи фудбалерот брзо да биде стабилизиран, а потоа и итно пренесен во болница.

Тотенхем како клуб експресно информираше дека Бентанкур е контактибилен и свесен при самото напуштање на стадионот, а неколку часа по полноќ, со кратка порака се јави и самиот Родриго.

– Дечки, се е во ред со мене!!! Ви благодарам за пораките!!! Честитки за победата момци!!!, – порача Бентанкур од болничкиот кревет.

Поранешниот фудбалер на Јувентус сосема очекувано ја минал ноќта во болница, каде откако ќе му бидат направени сите тестови, ќе биде пуштен на домашно лекување.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни