Поврзете се со нас

Англија

Бент го издвои најлошото летно засилување: Дали тоа им беше потребно?

Објавено

на

Поранешниот англиски репрезентативец, Дарент Бент го издвои најлошото засилување во летниот преоден рок.

Некогашниот напаѓач на повеќе клубови од Премиер лигата како Тотенхем, Фулам, Астон Вила, Брајтон…го издвои трансферот на Оливер Скип во Лестер, зделк за која „лисиците“ се решија да издвојат 20 милиони фунти за играчот од средината на теренот кој едноставно беше во втор, трет план кај „петлите“.

-Најлошо засилување, Оливер Скип, се чувствувам лошо што морам тоа да го кажам. Што треба да направам?

-Само мислам, 20 милиони фунти, дали тоа му беше потребно за Лестер? Оливер Скип и Хари Винкс. Хари беше добар минатата година во Чемпионшип. Причината зошто не го ставам Дјузсбери-Хол е затоа што Челси фрлаше пари лево, десно, средина на многу различни играчи, па за малку ќе се изгубите во нив.

-Не велам дека тој е лош играч. Навивачите на Лестер можат да ми кажат, дали кога го потпишаа Оливер Скип, дали автоматски помислија „тоа е, тој ни дава најголеми шанси да останеме?“ Дали е тој, -вели Бен во неговиот став за „Токспорт“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни