Поврзете се со нас

Англија

Бенитез за заминувањето на Клоп: Секогаш знам нешто повеќе од новинарите…..

Објавено

на

Foto:twitter.com/RCCelta

Рафаел Бенитез има доста турбуленции во својата Селта и засега води борбата за опстанок во шпанската Ла Лига, но и покрај фокусот кој го има на својот проект, не можеше да направи целосна дистракција од она што се случува во Англија.

Ливерпул ја освои титулата во Лигата на шампионите со Шпанецот како лидер на проектот во 2005-та година, па поради тоа Бенитез ужива посебна почит на „Енфилд Роуд“, од каде редовно добива и инсајдерски информации.

Бенитез се огласи за најавеното заминување на Јирген Клоп и вели дека тоа за него не е големо изненадување, особено поради фактот што бил добро упатен на оваа тема веќе некое време.

– Јас имам предност пред вас новинарите, а тоа се луѓето кои ги имам во Ливерпул и луѓето во самиот клуб. Секогаш знам нешто повеќе од вас. Помалку или повеќе, секогаш знам што се случува и што ќе се случи. Дознавам инсајдерски работи и тоа само кажува во каква врска сум со клубот.

– Клоп е таков, отворен со сите и сега му дава време на клубот да се реорганизира. Тоа е класична германска постапка, тие секогаш известуваат навремено. Не сум шокиран од неговата одлука, јас лично имам само позитивни зборови за Клоп. Тој е мој пријател и имаме добар однос. Се што имам да кажам на релација Клоп-Ливерпул е само позитивно, – вели Бенитез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни