Поврзете се со нас

Англија

Бенитез пред пресметката со Ливерпул: Се е возможно во дерби, размислуваме за трите бода

Објавено

на

Овие денови се игра ново коло во Премиер лигата, а една од битките која ќе го одбележи е онаа меѓу градските ривали Евертон и Ливерпул.

„Карамелите“ играат лошо во оваа сезона и во моментов се на 14 место за разлика од „црвените“ кои се при самиот врв со само два бода помалку од лидерот Челси. Сепак домашниот тренер Рафаел Бенитез е оптимист и верува дека неговите момци имаат квалитет за да го изненадат лутиот ривал од „Енфилд Роуд“.

-Нè очекува голем натпревар. Во лоша форма сме и мора да почнеме да победуваме. Дербито е шанса да се постават работите на вистинско место. Размислуваме за освојување на три бода. Знаеме што значи овој дуел за сите, возбудени сме поради него. Ова е дерби, важен натпревар се разликува од другите. Ова е можност да промените нешто. Важно е да одиграме добро, а трите бода би значеле голема промена. Ако има добра атмосфера на стадионот, се е можно, -рече Рафа кој знае дека навивачите се лути и нервозни поради лошите резултати.

-Сите сакаме да работиме добро. Овој клуб веќе неколку години не е на нивото што го заслужува. Сите сме фрустрирани. На навивачите им е јасно дека имавме одредени проблеми, -заклучи Шпанецот кој е под притисок и ако Евертон загуби лесно може да се случи да добие отказ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни