Поврзете се со нас

Италија

Бенитез објасни зошто Интер може да ја освои тројната круна: Има две причини…

Објавено

на

Foto:twitter.com/RCCelta

Искусниот шпански стратег Рафаел Бенитез верува дека неговиот поранешен клуб Интер може да дојде до тројната круна во оваа натпреварувачка 2024/2025.

Интер е прв во Серија А, активен е во Купот на Италија каде го очекува полуфинале со Милан, додека пак во Лигата на шампионите е на чекор од место во четвртфиналето.

-Пред се затоа што се први во лигата, иако имаат само бод пред Наполи кој заедно со Аталанта и сега Јуве се тешки конкуренти. И затоа што се фаворити во Купот на Италија и покрај опасностите од двомечот во полуфиналето. Конечно, бидејќи тие покажуваат импресивна конзистентност во Лигата на шампионите, не прескокнуваат никаков ритам, -истакна Бенитез кој посочи две причини, знаци кои според него покажуваат дека „нероаѕурите“ можат да ги освојат сите пехари.

-Прво, тие никогаш не примаат голови. Тие практично никогаш не го ставаат противникот во позиција да шутира кон голот. Само еден примен гол (во Лигата на шампионите) е доказ за силата на групата. Втората, тие без Димарко, Чалханоглу и Мхитарјан, нивото не паѓа и посветеноста останува многу висока. Стравот дека отсуствата би можеле да влијаат на настапите беа збришани од резултатот и начинот на кој беше добиен, -рече Рафа кој даде и бонус причина.

-Ако ги имате Тирам и Лаутаро, тоа е како да почнувате од 1-0, понекогаш и 2-0, -се пошегува Шпанецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни