Поврзете се со нас

Англија

Бенитез го предупреди Ливерпул за Алонсо: Денеска се се случува пребрзо…

Објавено

на

foto:twitter.com/bayer04fussball

Ливерпул ќе остане без Јирген Клоп по крајот на оваа сезона што значи дека премиерлигашот ќе треба да се впушти во акција и да го обезбеди наследникот на Германецот што дефинитивно нема да биде лесна задача со оглед на тоа што стратегот направи во сите изминати години на „Енфилд Роуд“.

Најмногу се говори дека Чаби Алонсо ќе се врати во Ливерпул, поточно актуелниот тренер на Баер Леверкузен е човекот кого управата на клубот сака да го види на клупата на великанот.

Алонсо има извонредни резултати со „фармацевтите“ и тоа дефинитивно е одлична препорака, но според Рафаел Бенитез англискиот великан треба да биде внимателен без разлика на тоа што досега го направи Шпанецот.

-Тој беше умен и секогаш анализираше. Кога на некои играчи им објаснувате работи, мора да ги повторите. Чаби беше оној кој учеше брзо. Тој е големо име, добар професионалец, добро момче, паметно, навистина добро работи, па разбирам зошто [Алонсо го поврзуваат со Ливерпул]. [Но] замислете Стивен Џерард беше наоколу и добро се снајде. Тогаш тоа би било: „Џерард!“ Со социјалните мрежи сè оди пребрзо така што луѓето не ја гледаат големата слика.

-Беше во академијата, потоа во вториот тим на Реал Сосиедад. Тоа ти дава одредено искуство и потоа замина во Германија. Не е лесно да се оди во нова земја и да се биде успешен, така што заврши добра работа. Има потенцијал да биде многу добар менаџер и ако има добри играчи ќе биде успешен, но дали може тоа да го прави пет години, десет години? Не знам.

-Сега може да оди во било кој топ клиб, но тие ќе очекуваат да ја освојат титулата. И ако завршите на второто место, можеби тоа е одлична сезона, но луѓето ќе речат: „Ох, тој не успеа“, -истакна Рафа за „Тајмс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни