Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Бенитез го посочи клучниот играч во тактиката на Зидан пред гостувањето на „Енфилд“

Објавено

на

Рафаел Бенитез уште во најавата за првата пресметка меѓу Реал Мадрид и Ливерпул нагласи дека „кралевите“ може да имаат мала предност поради тоа што реваншот во Англија ќе се игра пред празни трибини, бидејќи атмосферата на „Енфилд Роуд“ доста често знае да биде одлучувачка во незаборавните европски ноќи кои ги има доживеано англискиот великан.

По крајот на првиот дуел во Шпанија кој заврши со 3:1 за Реал, составот на Зинедин Зидан со убава предност ќе го започне вториот четвртфинален дуел во Лигата на шампионите, а пред истиот, со нов коментар се јави човекот кој во минатото беше дел од двата клуба.

– Во вакви натпревари, мора да имате трпение за првиот гол, без оглед на тоа колку ќе го чекате. Ливерпул мора да игра поагресивно на „Енфилд“ од тоа што го одигра на првиот меч во Мадрид, мора да има поголем интензитет и тоа сигурно го знае Јирген Клоп. За нивна несреќа, тие нема да можам да сметаат на навивачите на „Енфилд“ кои им го даваат големиот плус. Од моето искуство, фановите на „Енфилд“ имаат клучен фактор во вакви европски ноќи и тие се една од главните причини за успесите, – потенцира Рафа кој ја освои титулата со Ливерпул во најелитното натпреварување.

Покрај тоа што го посочи клучот за успех на „црвените“, Бенитез го анализираше и тимот кој тој не успеа да го воигра како што посакуваше, со тоа што интересно го посочи Касемиро како одлучувачки во системот на Зидан.

– Реал Мадрид е воигран тим со многу баланс. Играчот кој прави баланс всушност е Касемиро. Касемиро е човекот кој им овозможува на Крос и Модриќ да додадат гас и да одат понапред. За да победувате на важни натпревари, мора да имате баланс. Касемиро им овозможува офанзивни задачи и на страничните бекови. Исто така, мора да нагласам дека не сум изненаден од играта на Начо. Тој е фантастичен тимски играч и не се сомневав дека ќе ги покрие отсуствата на Рамос и Варан, – заврши Бенитез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни