Поврзете се со нас

Англија

Бенитез брутално и без влакна на јазикот објасни зошто се откажа од Хамес: Тоа беше лесна одлука! (Видео)

Објавено

на

Фановите на Евертон пред само една година на големо го славеа сензационалниот ангажман на Хамес Родригез, фудбалер кој реши да пристигне на „Гудисон парк“ по долго инсистирање на Карло Анчелоти.

Колумбиецот на почетокот воодушеви со своите настапи во Премиер лигата и брзо ги крена очекувањата од цела англиска јавност, но во вториот дел од сезоната имаше проблеми со повреди, кои направија да има измешани емоции за својата прва сезона во најсилната лига на Островот.

Плановите на Хамес беа да заигра пред фановите на „Гудисон парк“ во својата втора сезона во Англија, но до тоа на крај не дојде, бидејќи Анчелоти си замина во Реал Мадрид, а на негово место дојде менаџер кој експресно му порача на Колумбиецот да си бара нов клуб.

Рафаел Бенитез досега ниту еднаш во јавноста не се огласи за ситуацијата на Хамес, но веќе кога фудбалерот го комплетираше изненадувачкиот трансфер во Ал Рајан, со брутално објаснување откри зошто толку лесно се откажал од некогашната ѕвезда на Реал Мадрид.

– Знаев дека ќе има многу прашања за Хамес, но тоа за мене беше лесна и истовремено комплицирана тема. Таква е Премиер лигата, таков е Евертон како клуб, интензитетот мора да биде на врвно ниво од првиот до последниот ден. Кога имате ситуација со играч кој може да стои на располагање само на 50 проценти од натпреварите во Премиер лигата, тоа не е лесно за менаџирање. Мора да ги максимизираме нашите ресурси и околу тоа се одвиваше цела ситуација, – порачува Бенитез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни