Поврзете се со нас

Англија

Бенфика потврди дека нивниот стопер се сели во Манчестер Сити и дека тие ќе добијат играч на „граѓаните“

Објавено

на

Од таборот на португалскиот клуб Бенфика, потврдија дека нивниот стопер Рубен Дијас ќе се пресели во Манчестер Сити, а во спротивен правец ќе пристигне Николас Отаменди.

Станува збор за два одвоени трансфери, па така Сити за Дијас ќе плати 68 милиони евра, додека Бенфика за Отаменди ќе инкасира 15 милиони евра.

За двата договори да бидат официјализирани треба допрва да се договорат личните услови на фудбалерите, но се верува дека тоа нема да биде никаков проблем.

Дека на Пеп Гвардиола очајно му требаат нови играчи од одбраната покажа и вчерашниот натпревар против Лестер во кој Манчестер Сити загуби со 5:2, а речиси сите голови паднаа по грешки на одбранбените играчи.

Рубен Дијас се поврзуваше и со трансфер во Манчестер Јунајтед, но на крајот до неговиот потпис стигнаа „граѓаните“ кои за оваа сезона ќе имаат нов стоперски тандем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни