Свет
Бенфика ќе го спасува пропаднатиот талент на Реал кој ги чинеше „кралевите“ 30 милиони евра

Флорентино Перез ги натера скаутите на Реал Мадрид да бидат посебно внимателни на пазарот во Јужна Америка откако Нејмар заврши во Барселона, па за да не му се повтори слично сценарио, првиот човек на „кралскиот клуб“ не штедеше пари за да ги донесе Винисиус Жуниор и Родриго.
За двајцата беа потрошени околу 80 милиони евра и може слободно да се каже дека скаутите на Реал воопшто не погрешија, но сепак Бразилецот кој ја заокружи трилогијата на играчи од оваа земја не се покажа баш најдобро.
Реинер Жесус пристигна во Реал во јануари 2020-та година во трансфер вреден 30 милиони евра, но не само што нема официјален настап за првиот тим на Реал, туку не може да се наметне ниту во тимовите каде оди на позајмица.
Бразилецот кој има 20 години заокружи две сезони за заборав во Борусија Дортмунд, а последните информации кои пристигнуваат од Португалија велат дека Бенфика планира да го спаси големиот талент.
„Рекорд“ открива дека „лисабонските орли“ ги остварил првите контакти за ангажман на фудбалерот кој се уште поседува голем потенцијал, а Бенфика смета дека нивната средина ќе биде идеална за развивање во вистински првец и враќање во посакуваниот колосек.
– Мојот син гледа со голем ентузијазам на тоа што се зборува. Кога те следи клуб со големина како Бенфика, не може да останете без никаква реакција и да бидете незадоволен, – изјавил таткото на Реинер за „Рекорд“.
-
Пливањепред 23 часа
Романски тинејџер го собори светскиот рекорд на 100 метри слободен стил
-
Англијапред 24 часа
Голманот на КПР донесе голем бод со гол во последните секунди (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
Алаба влезе во игра и со првиот допир со топката изведе ремек-дело (Видео)
-
Светпред 21 час
Роке, Роке, Роке: Санта Круз е мајстор и на 40 години (Видео)
-
Репрезентацијапред 15 часа
Голем успех за момците на Стојановиќ: Кадетите го освоија ЕХФ шампионатот во Рига
-
Англијапред 14 часа
Кејн го замолкна „Стемфорд Бриџ“ во 96. минута, Конте и Тухел режираа срам за Премиер лигата (Видео)
-
Англијапред 16 часа
Јунајтед ќе му го раскине договорот на Роналдо ако не си го промени односот! (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Рио Фердинанд за колапсот на Јунајтед: Веќе не можам да ги тролам ни фановите на Арсенал