Поврзете се со нас

АТП

Бенето за последниот потег на Ѓоковиќ: Тоа е порака до неговите ривали

Објавено

на

фото: x.com/atptour

Новак Ѓоковиќ имаше само еден значен успех во оваа календарска година, златниот медал на Олимписките игри во Париз, резултат со кој го оствари сонот.

Меѓутоа изостанаа останати успеси, Србинот не освои ниту еден пехар што секако е разочарување, но доаѓа нова година, нова сезона во која Ѓоковиќ ќе влезе со ново име во стручниот штаб, Енди Мари. Сосема неочекувано беше објавено дека Мари ќе биде тренер на српскиот рекет, ас кој со „вчера“ водеше битки на теренот со оглед на тоа што Шкотот официјално се повлече од белиот спорт во текот на актуелна 2024 година.

Оваа соработка донесе доста коментари, а меѓу е и оној на некогашниот француски тенисер Жулијен Бенето кој смета дека Ноле на овој начин сака да испрати порака до конкуренцијата.

-Ако си бил одличен играч не значи дека ќе биде добар тренер и ќе имаш гарантиран успех. Мари ќе биде тренер, а не учител, нема да го учи како да удира форхенд или бекхенд. Мислам дека Ѓоковиќ има вистинска мотивација да дојде до 25 освоени грен слемови, да биде единствениот што го направил тоа и ќе направи се за тоа.

-Тоа што Мари му се придружува во неговиот тим, тоа е сигнал што тој го испраќа до другите, но и до себе за да има друг глас, друга визија за играта на Алкараз и Синер за да може да ги победи во пет сета. Не смееме да го заборавиме Александар Зверев кој одлично ја заврши годината. И мислам дека поради сето ова тој го повика Маре, -вели Бенето за „РМЦ Спорт“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни