Поврзете се со нас

Свет

Бендтнер откри како ги потрошил сите пари кои ги заработил во фудбалот: Богатството исчезнува кога…..

Објавено

на

Foto:instagram.com/bendtner

Никлас Бендтнер својот последен фудбалски ангажман го имаше во 2019-та година и јасно е дека тоа поглавје е оставено зад него, но во ексклузивното интервју за „Дејли мејл“, Данецот открива дека си пронаоѓа нови цели во животот.

Бендтнер открива дека се посветил на планинарството и алпинизмот и негова идна цел ќе биде да го искачи Монт Еверест, но сепак доста поинтересни се неговите пикантерии од животот кога беше голема ѕвезда на Арсенал.

Популарниот „Лорд“ во минатото обелодени дека спискал многу пари на покер и развратнички живот, но сега тврди дека најголем дел од парите потрошил на скапи вина.

– Ги потрошив сите пари кои ги заработив од фудбалот. Една од работите кои најмногу ми се допаѓаат кај мене е тоа што никогаш не велам „Нема да го направам ова“!

– Сепак, парите брзо исчезнуваат кога ќе потрошите 176 илјади евра за една кутија со шишиња вино. Јас сум колекционер на вино од 19 години и секој понеделник имав ритуал со повозрасните играчи да пробаме некое специјално вино. Имам 50 илјади шишиња вино во овој момент. Кога имав 24 години, сите пари ги потрошив на вино, куќи и уметност, – открива Бендтнер и додава.

– Претхоните три години најдов сатисфакција во нуркање и многу често го правев тоа. Сега следна цел ми е алпинизмот, сакам да го искачам Монт Еверест. Мора да пронајдам следен предизвик во животот, мразам да живеам без цел, – потецнира „Лордот“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни