Поврзете се со нас

Италија

Бенасер се вратил повреден од настапот на Африканскиот куп

Објавено

на

Foto:twitter.com/acmilan

Раната елиминација на Алжир од Африканскиот куп на нации требаше да биде добра вест за Милан, но Исмаел Бенасер се вратил во Италија со повреда.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Бенасер веднаш направил детални прегледи и лекарскиот тим на Милан потврдил мускулна повреда, која за среќа не е сериозна.

Сепак, тоа е доволно за играчот од средниот ред да не биде во конкуренција за дуелот со незгодната Болоња претстојниов викенд и тренерот Стефано Пиоли нема да смета на неговите услуги.

Милан нема да смета ниту на Самуел Чуквуезе кој се уште е дел од африканскиот турнир, додека повредени се Побега, Тиао, Томори и Калулу.

Милан ја пречекува Болоња утре од 20:45 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни