Поврзете се со нас

Италија

Бенасер по долга пауза се врати на терените, Леао му даде поддршка и посочи колку е значаен за Милан (ФОТО)

Објавено

на

foto:twitter.com/lnstantFoot

Милан дојде до трите бода во дуелот со Фрозиноне, дуел на кој својот кам-бек го имаше Исмаил Бенасер.

Бенасер беше во „аут“ повеќе од 200 дена и тоа откако се повреди на првата средба со Интер во полуфиналето на Лигата на шампионите, но сега тој тежок период е зад него и ќе може да ужива во тоа што најдобро знае да го прави, да игра фудбал.

-По седум месеци упорност, борби и напорна работа, конечно ја видов светлината на крајот од овој долг тунел. Огромна благодарност до сите што беа покрај мене на моето патување до закрепнување. Хирурзите, физиотерапевтите и сите членови на медицинскиот персонал.

-Огромна благодарност до мојот клуб и мојата (национална) федерација. Прегратки за моето семејство и најблиските. И на вас навивачите, ви благодарам за поддршката која ми беше голема помош. Се враќам со уште поголема одлучност и страст, -порача Бенасер на социјалните мрежи, порака на која кратка и јасна порака имаше Рафаел Леао дека тој е срцето на „црвено-црните“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни