Поврзете се со нас

Италија

Бенасер го посочи клучот за победата на Милан: Покажавме…

Објавено

на

foto:twitter.com/cmdotcom

Милан се најде во незгодна ситуација на гостувањето кај Фрозиноне каде на 18 минути до крајот губеше со 2-0, но фаворитот покажа карактер, одигра до самиот крај и со погодоците на Габија и Јовиќ го сврте резултатот (3-2) и дојде до значајни три бода.

Милан со пресврт до 15. победа во Серија А (ВИДЕО)

-Покажавме одличен дух, не се откажавме и тоа ни дава доверба за нашите цели, -истакна Исмаил Бенасер кој смета дека се обединети како група.

-За да бидеме обединети на теренот, мора да бидеме обединети и надвор од него. Премногу добро знаеме дека е добро што заедно вечераме, што поминуваме време заедно. Сакавме да го поминеме тоа време заедно, -рече Бенасер кој заедно со колегите имаа дружба во текот на оваа седмица.

Утре се игра дербито меѓу Интер и Јувентус, дуел кој ќе биде испратен од „росонерите“.

-Ќе го гледаме како обичен натпревар. Сакаме да победуваме на секој натпревар и утрешниот резултат нема да промени ништо, бидејќи ќе го имаме истиот дух и глад, -заврши Алжирецот.

„Росонерите“ имаат 49 бода, односно четири помалку од Јувентус и пет од лидерот Интер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни