Поврзете се со нас

Франција

Бен Арфа пронајде нов клуб во Франција

Објавено

на

Хатем Бен Арфа е на добар пат да ја продолжи кариерата во својата татковина и тоа во таборот на францускиот прволигаш Бордо.

Последен клуб на офанзивецот беше Валјадолид каде се задржа само неколку месеци и одигра пет натпревари на кои не постигна ниту гол, ниту пак запиша асистенција за да сега реномираниот „Л’Екип“ пренесе дека нова негова средина ќе биде Бордо.

Договорот ќе биде една плус една година, а Хатем кој своевремено важеше за еден од најталентираните француски, европски и светски играчи ќе зарбаотува по околу 100.000 евра месечно.

Во досегашната кариера настапуваше за Лион, Марсеј, Њукасл, Хал, Ница, ПСЖ и Рен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни