Поврзете се со нас

Франција

Бен Арфа: Големата тројка на ПСЖ има еден слуга на теренот и тој е фантастичен!

Објавено

на

Хатем Бен Арфа во овој момент е без ангажман и натаму останува една од големите фудбалски ѕвезди кои имаат улоги на слободни агенти, а како играч со таков статус, имаше време да направи детална анализа за големото дерби меѓу Марсеј и ПСЖ кое вчера се играше во Франција.

Во колумна за „Л’Екип“, фантастичното француско крило опфаќа неколку сегменти од играта на двата тима, а покрај тоа што заклучува дека изданието на ПСЖ му се допаднало повеќе во разочарувачкото реми од 0:0, прави анализа и за големата тројка на „светците“ предводена од Мбапе, Нејмар и Меси.

– Од тоа што го видов, врската Меси-Мбапе функционира. Постојано се бараат на теренот, почнуваат да се разбираат и лесно се наоѓаат. Понекогаш може и претеруваат, бидејќи во првото полувреме, Меси му додаде на Мбапе наместо да шутира. Добар беше и Нејмар, имаше улога на „10-ка“ и тоа му одговара.

– „Фантастична четворка“? Не може да зборуваме за четири фудбалери. Не може да има четворица играчи кои ќе мислат само на нападот, така одбраната ќе има голем проблем во иднина.

– Ди Марија е работник во таа четворка и затоа би го исклучил од такво категоризирање. Тој не е ист профил како нив. ПСЖ нема „фантастична четворка“ во нападот, има „голема тројка“. Ди Марија има улога на слуга и трча насекаде и навистина блеска на теренот, – заклучува Бен Арфа.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни