Поврзете се со нас

Шпанија

Белингем за трансферот на Мбапе: Ако дојде во Реал…

Објавено

на

Foto:twitter.com/equipedefrance

Килијан Мбапе расчисти со Пари Сен Жермен и за брзо време ќе ја дознаеме следната негова дестинација која треба да биде Реал Мадрид по сите информации, вести на новинарите, медиумите ширум светот.

Се очекува тој во наскоро време официјално да биде потврден од Реал и со тоа да се стави крај на приказната која лебди во воздухот со години. Сепак засега нема „печат“ на зделката и така се однесуваат и играчите на „кралевите“ кои засега и да имаат информација од прва рака не сакаат да ја соопштат и говорат меѓу редови, па така Џуд Белингем по славјето со екипата во финалето на Лигата на шампионите од свој агол посочи што за нив би значел ангажманот на Французинот.

-Не знаеме со сигурност…ако се случи. Би било неверојатно. Играч како него… Вечерва видовте дека единствената ситница што ни фалеше беше ефективна „деветка“… Ако дојде и ни го даде тоа, ќе не однесе на друго ниво. Тој е еден од најдобрите играчи во светот, -порача Џуд во разговорот за „ТНТ Спортс“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни