Шпанија
Белингем: Татко ми носеше дрес од Зидан, а јас не знаев ништо за него

Џуд Белингем пристигна во шпанската престолнина како најдобар играч на Борусија Дортмунд, па иако веќе беше истакнат како еден од најголемите светски таленти, сепак никој не можеше да предвиди старт каков што има во Реал Мадрид.
Англискиот репрезентативец перфектно се вклопи во системот на Карло Анчелоти и е убедливо најдобар фудбалер на стартот на сезоната, а вниманието го сврте на себе уште при првиот ден кога пристигна во клубот.
Белингем покажа храброст и избра да го носи дресот кој беше во сопственост на Зинедин Зидан, па сега самиот откри дека има една интересна историја со „5-та“ на легендарниот Зизу.
– Мои идоли беа играчите на Бирмингем кои го победи Арсенал во финалето на Купот во 2011-та година. Мои херои беа Себ ларсон, Крег Гарднер и Ли Бојер. Кога почнав повеќе да навлегувам во фудбалот, мои први идоли беа Вејн Руни и Стивен Џерард. Потоа, продолжив да растам и визиите ви се отвораат.
– Мојот татко имаше дрес со бројот 5 од Зидан и истиот го купил на плажа. Го носеше насекаде, понекогаш и дома. Еднаш го прашав: Кој е овој човек? Ми порача да го проверам на јутјуб и да видам како играл. Од тој момент, не престанав да го гледам на јутјуб. Зидан е играчот кој јас сакав да бидам. Имав среќа да го запознаам за време на финалето меѓу Реал и Ливерпул. Го гледав како дете, а тој беше толку мирен и понизен. Тој е навистина премногу нормален за некој што има остварено толку многу во фудбалот, – вели Белингем во интервјуто за „Лекип“.
-
Англијапред 24 часа
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Светпред 11 часа
„Бомба“ од Шкотска: Селтик ќе урива трансфер рекорд за да го доведе Миовски!
-
Англијапред 16 часа
Непроценливо видео: Раја прими смешен гол, Рамздејл му фаќаше сеир од клупата за резерви
-
АТПпред 16 часа
Љубичиќ: Синер не е како Алкарас…
-
Англијапред 9 часа
Ѕвезда на Јунајтед се пожали: Критиките од легендите на овој клуб уништуваат животи!
-
Шпанијапред 13 часа
„АС“: Флорентино со нов ултиматум му дава последна шанса на Мбапе
-
Англијапред 15 часа
Гвардиола со ниска провокација го „поздрави“ Карагер, легендата на Ливерпул подготви одговор (Фото)
-
Германијапред 9 часа
Баерн го потврди ангажманот на „шпанскиот бисер“ и објасни зошто се реши за изненадувачки трансфер (Фото)