Поврзете се со нас

Германија

Белингем со луди потези во шеснаесетникот ја потврди победата на Борусија, Баерн го наполни и Хофенхајм (Видео)

Објавено

на

Матс Хумелс постигна спектакуларен волеј погодок против Арминија и ги одбележа натпреварите од првото полувреме во Бундеслигата, но во вторите 45 минути, доби одговор од својот млад и талентиран соиграч.

Токму Хумелс пред извесно време нагласи дека не видел поталентирани 18-годишен играч од Белингем во својата кариера, а Англичанецот денеска му возврати на убавите зборови со ремек-дело за паметење.

Офанзивниот фудбалер прикажа луди потези во шеснаесетникот на гостите и ја потврди победата на Борусија за водство од 0:3, по што завршницата од мечот беше само рутинска за „милионерите“, кои си дозволија да примат и еден гол за конечни 1:3.

Последниот гол го постигна Клос, а пред мајсториите на Белингем и Хумелс, почетниот погодок беше дело на Емре Џан од белата точка.

Баерн Минхен со нова уверлива победа го задржа врвот на табелата во Бундеслигата, бидејќи денеска испорача четири гола во мрежата на Хофенхајм.

Гнабри погоди за 1:0, Левандовски зголеми пред крајот на првиот дел со одличен гол од дистаница, додека во вториот дел, во листата на стрелците се запишаа и Чупо Мотинг и Коман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни