Поврзете се со нас

Шпанија

Белингем со елегантни дриблинзи потсети на легендарниот Зидан (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Џуд Белингем го повреди рамото и успеа да издржи 90 минути на „Сантијаго Бернабеу“ и покрај болките кои ги имаше, што само ја демонстрира со каква посветеност игра Англичанецот во дресот на Реал Мадрид.

За разлика од досега виденото, Џуд вчера не можеше да направи разлика против Рајо Валјекано и тој не најде решение за Столе Димитриевски и бедемот поставен пред неговиот гол, но сепак неколку негови потези се најдоа во прв план.

Белингем го привлече вниманието на себе уште при самото пристигнување такашто го избра бројот на Зидан, а вчера неверојатно многу потсети на славниот Французин со неколку елегантни движења.

Џуд изведе една бравура во стилот на незаборавниот Зизу на крајот од првиот дел, кога лесно и мајсторски се ослободи од двајца чувар, но потоа испрати удар над голот.

Во продолжение, Белингем имаше и еден дриблинг со тело кој во минатото премногу често го користеше Зидан, па новата „5-ка“ на Реал покажа дека може да ги радува фановите и со атрактивни потези, а не само со постигнати погодоци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни