Шпанија
Белингем откри кој играч најмногу го фасцинирал на стартот во Реал: Седев до него и се прашував дали јаде злато…

Џуд Белингем брзо ја придоби довербата од соиграчите и прерасна во ѕвезда број еден на стартот на новата сезона, нешто зад што стојат и бројките кои ги има на почетокот на оваа авантура во Реал Мадрид.
Англискиот репрезентативец пристигна во Реал како најдобар играч од Борусија Дортмунд, но ниту најголемите оптимисти не можеа да очекуваат ваков развој на настаните, за кој Белингем тврди дека е резултат на сигурноста која ја има крај своите неверојатни соиграчи.
Белингем веќе неколку пати се обиде да објасни дека црпи инспирација од колегите со кои секој ден ја дели соблекувалната, но сега за „Лекип“ откри дека на почетокот посебно бил фасциниран од Тони Крос.
– Кога првпат влегов во соблекувалната на Реал, имав малку трема и бев под стрес. Никогаш не сум се импресионирал од големи ѕвезди, но кога ќе дојдете во Реал, тешко е да не помислите на реченицата „Ова е врвот во фудбалот“!
– Првите неколку седмици кога ја запознавав средината, најчесто седев до Тони Крос и бев фасциниран од него. Се прашував дали јаде злато од чинијата….. Тоа се големи ѕвезди, но всушност е многу нормални луѓе, сите ми помогнаа подобро да се адаптирам и брзо да се вклопам, направија да се чувствувам како еден од нив. Сите се многу скромни и научив добра лекција од нив за тоа како треба да се однесуваш, без оглед на тоа што си остварил во кариерата. Не е важно што си освоил, важно е да бидете добар човек какошто се овие луѓе на кои наидов во Реал, – вели Белингем.
-
Шпанијапред 14 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Италијапред 12 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Европски првенствапред 15 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Македонијапред 22 часа
Лазаров: Самсоненко ми понуди поголема плата, но јас веќе ја избрав Барселона
-
Англијапред 18 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Македонијапред 17 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Европски првенствапред 14 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Италијапред 14 часа
Рабио и Галјардини ја продолжија „војната“ на социјалните мрежи (Фото)