Германија
Белингем откри дали ќе ги следи стапките на Халанд по огромниот интерес за него

Младиот фудбалер на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем даде јасен коментар на прашањето дали ќе ги следи стапките на Ерлинг Халанд и ќе го напушти тимот на Борусија ова лето.
Играчот од средниот ред кој со своите игри го привлече вниманието на најголемите англиски клубови потенцираше дека не планира да си оди од „Сигнал Идуна Парк“ оваа сезона и покрај огромниот интерес за него.
– Единствената иднина на која гледам во моментов е следниот натпревар со Дортмунд. Ќе бидам овде следната сезона, подготвен сум за тоа, -изјави Белингем кој потоа го искоментира и трансферот на Халанд во Манчестер Сити.
– Му кажав дека сум многу среќен за него што го прави тој чекор. Манчестер Сити е многу среќен тим што го доби неговиот потпис. Тој е одличен фудбалер и одлично момче. Ќе ми недостига, -потенцираше Белингем.
-
Шпанијапред 7 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Англијапред 11 часа
Клоп: Јас сум виновен за промашениот пенал на Мане (ВИДЕО)
-
Германијапред 8 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 11 часа
Симеоне ја потврди разделбата со Суарез
-
Италијапред 10 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Италијапред 8 часа
Наинголан: Го видовте ли Брозовиќ? Јас тоа да го направев…
-
Италијапред 14 часа
Новиот агент на Погба оди во Торино на финални преговори со Јувентус
-
Македонијапред 3 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!