Поврзете се со нас

Шпанија

Белингем остана импресиониран од новиот постер на „Бернабеу“ (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Џуд Белингем беше главна ѕвезда на Реал Мадрид и во победата над Наполи на домашен терен, исто како што беше на првата средба меѓу овие два тима која се одигра на почетокот на октомври.

Англискиот репрезентативец воодушеви со својот настап на „Диего Армандо Марадона“, а идентично инспириран беше и пред два дена, кога сосема заслужено ја понесе МВП наградата.

Белингем ги воодушевува фановите на Реал Мадрид со своите настапи на зелениот терен, но се повеќе импресионира и со реакциите кои ги има кон се она што е поврзано со клубот.

Џуд веќе во неколку наврати ја нагласи посебната конекција која ја воспоставил со стадионот „Сантијаго Бернабеу“, а сега останал импресиониран и од последниот новитет.

Реал Мадрид направил нов постер од легендарната прослава која ја креираа Винисиус и Белингем во Неапол, па откако го здогледал истиот, Џуд воопшто не ја криел импресионираноста.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни