Поврзете се со нас

Германија

Белингем казнет откако жестоко го критикуваше судијата од дербито против Баерн Минхен

Објавено

на

Младиот англиски фудбалер, Џуд Белингем заработи казна од 40.000 евра од Фудбалската федерација на Германија откако жестоко го критикуваше судијата Феликс Цвајер по натпреварот со Баерн Минхен.

Големото германско дерби заврши со победа на Баерн Минхен (3:2), а беше решено во 79. минута кога спорен пенал беше досуден за „баварците“, а истиот беше реализиран од Роберт Левандовски.

– Што да кажам, имавме судија кој е обвинет за наместени натпревари, а тие него му го дадоа најголемото дерби во Германија. Што друго можевте да очекувате? ,-изјави лутиот Белингем по натпреварот на „Сигнал Идуна Парк“.

По оваа изјава веднаш беше покрената постапа, а по спроведената истрага одлучено било Белингем да се казни со 40.000 евра, но да не му се додели суспензија во натпревари, па така тој ќе биде во комбинација за настап за дуелот со Бохум.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни