Поврзете се со нас

Германија

Белингем и Халанд без влакна на јазикот: Што очекувате од судија кој има наместено меч?! (Видео)

Објавено

на

Борусија Дортмунд и Баерн Минхен одиграа возбудливо дерби во Германија, но откако актуелниот првак по седми пат во низа го победи големиот ривал, следеше „трето полувреме“ на теренот од страна на домашните фудбалери.

„Милионерите“ загубија со 2:3 во ситуација кога последниот гол беше постигнат од пенал, а кој пристигна по ВАР интервенција по која Фекикс Цвајер покажа на белата точка и му овозможи на Левандовски да го постави конечниот резултат.

Ова ги разбесни ѕвездите на Борусија, а младиот Џуд Белингем потсети на скандалот од 2005-та година, кога Цвајер беше вмешан во местење на натпревари во втората германска Бундеслига, обвинение поради кое беше и суспендиран.

– За мене нема пенал. Хумелс не ни гледа во топката, тој се бори за позиција и топката удира во него. Може да прегледате многу одлуки од мечот, но што очекувате кога му го давате најважниот меч во Германина на судија кој има наместено натпревар, – без влакна на јазикот порача Белингем, а во тој тон продолжи и Халанд.

– Сметам дека судењето беше скандалозно. Имаше чист пенал врз Ројс. Го прашав зошто не го досуди, а судијата беше арогантен. Ќе кажам дека беше арогантен и нема да додадам повеќе, – порача Халанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни