Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Белингем добил „мала порака“ од Санчо пред финалето на ЛШ

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Во сабота ќе го дознаеме наследникот на Манчестер Сити на тронот на европскиот фудбал, поточно ќе добиеме одговор каде ќе заврши најпрестижниот клупски трофеј, Шпанија или Германија, односно поточно Реал Мадрид или Борусија Дортмунд.

„Кралевите“ дефитивно ќе го имаат статусот на фаворит со оглед на искуството, историјата, но се работи за само еден меч, финале е финале и се е отворено.

Ова ќе биде можност за Реал на одличен начин да ја комплетира сезоната, а во исто време перфектен крај на истата да има и Џуд Белингем за кого ова е прва година во дресот на великанот од Мадрид. Џуд ќе игра против поранешните соиграчи, некогашниот тим, па откри дека пред некое време добил порака од Џејдон Санчо.

-Не сум разговарал со ниту еден од нив оваа недела. Кога се пласиравме, добив мала порака од Џејдон, па разговарав со него. Само велејќи: „Ќе те видам таму“ и сите тие работи. Џејдон беше оној кој ме зама под своја закрила кога првпат пристигнав во Дортмунд. Тој е навистина добар човек, многу ми помогна, -обелодени англискиот репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни