Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Белингам за потценетиот играч на Реал: Најмногу се жртвува, тој е најталентираниот во тимот

Објавено

на

foto:x.com/elchiringuitotv

Реал Мадрид не дозволи никакво изненадување и со втора победа во пресметката со Манчестер Сити обезбеди билет за осминафиналето на Лигата на шампионите.

„Кралевите“ и на првата средба на „Итихад“ покажаа дека се подобар тим иако до победата дојдоа до пресврт во самата завршница, но во Мадрид имаа контрола од почетокот до крајот и со 3-1 се пласираа во наредната рунда во која за ривал може да им биде Атлетико Мадрид или Баер Леверкузен.

Килијан Мбапе со хет-трик го одбележа триумфот на Реал, но Џуд Белингам издвои уште еден играч кој според него е најталентиран во екипата-тоа е Родриго.

-Родриго е толку потценет. Мислам дека за мене тој е веројатно најталентираниот и најнадарениот играч во тимот. Работите што тој може да ги направи со топка… Ќе се зафраваме и тој некако ќе ја раздвижи топката, па ќе речете: „Како го направи тоа?“

-Друго работа што треба да се спомене е дека тој е тој што најмногу се жртвува. Мислам дека е јасно дека неговата омилена позиција е левата, но важно е да се напомене дека тој прави многу за тимот, исто така дефанзивно, на десната страна, -истакна Џуд за „Си-Би-Ес Спортс“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни