Лига на шампиони
Белингам за Мбапе: Имаше бавен почеток, но сега „лета“ (ВИДЕО)

Реал Мадрид го доби и реваншот со Манчестер Сити и со вкупни 6-3 обезбеди место во Топ 16 фазата во Лигата на шампионите.
Во центарот на вниманието беше францускиот репрезентативец Килијан Мбапе кој испорача хет-трик и со тоа потврди дека е во одлична форма и ритам. Тој има шест гола на последните четири средби за „кралевите“ што јасно покажува дека веќе го гледаме најдоброто од него, а тоа го посочуваат и неговите клупски колеги.
-Брилијантно е да се игра со него. Влегувате во натпревари знаејќи дека можете да му ја дадете топката и тој ќе влијае на работите. Нашата работа зад него и останатите тројка е да се обидеме да ги доведеме до најдобрите можни позиции, а и јас се обидувам да влезам во шеснаесетникот.
-Знаете кога Килијан ќе ја добие топката во областите што му се допаѓаат на теренот, тој ќе биде опасен. Лева или десна нога. Тој денеска постигна неколку различни типови на голови. Неверојатно е тоа што го направи во кариерата. Знам дека имаше бавен почеток овде и му требаше време да се навикне на животот овде. Сега тој лета и тоа е толку добро да се види, -истакна Џуд Белингам.
-
Свет20 часа
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Шпанија21 час
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Англија15 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Балкан8 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија21 час
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Англија18 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Италија20 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Свет18 часа
Рамос шутна противнички играч и заработи директен црвен картон (ВИДЕО)