Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Белингам удираше со глава шише кое долета од трибините, Ридигер им се закануваше со смрт на навивачите на Атлетико (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Антонио Ридигер ја презема одговорноста да го шутира последниот пенал на Реал Мадрид во серијата со Атлетико Мадрид, а откако успеа да го реализира истиот, започна големото и лудо славје на играчите облечени во бела униформа.

Ѕвездите на „кралскиот клуб“ го истрчаа цел терен и дојдоа до трибината каде во горниот дел беа навивачите на Реал Мадрид, но фактот што пред нив стоеја и навивачи на Атлетико, направи да видиме мал хаос и рафал од разлутените „колчонероси“.

Фановите на Атлетико не бираа предмети со кои ги гаѓаа фудбалерите на Реал, а додека Џуд Белингам уживаше во рафалот и удираше со глава шише кое долета од трибината, Антонио Ридигер малку претера со реакцијата која ја имаше.

Стоперот на Реал имаше одговор за домашните навивачи со доста невкусна гестикулација, односно им порача дека ќе им го „скине гркланот“ во ситуација кога работите малку излегоа од контрола.

Вакви моменти дефинитивно станаа традиционален фолклор од големото мадридско дерби, кое полека прераснува и во големо европско дерби поради зачестените пресметки во Лигата на шампиони.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни