Поврзете се со нас

Шпанија

Белингам сподели какво чувство има кога стапнува на „Бернабеу“: Овој клуб е на сосема друго ниво!

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Џуд Белинам бележи стратосферски раст откако пристигна во Реал Мадрид и брзо прерасна во ѕвезда број еден на „кралевите“, нешто што никој не можеше да го предвиди по трансферот кој го режираше изминатото лето.

Белингам пристигна од Борусија Дортмунд како најдобар играч на „милионерите“, но мора да се признае дека нивото го подигна за неколку скалила откако го облече белиот дрес, а сега самиот Џуд се обиде да долови зошто е тоа така.

Во интервју за клупската телевизија на Реал, Белингам открива дека има посебна конекција со стадионот „Сантијаго Бернабеу“, кој за него прави да се чувствува како гладијатор пред преполн Колосеум.

– Се знае дека Реал Мадрид е најголемиот клуб во светот, но кога го доживуваш тоа секој ден, тоа е нешто спектакуларно. Кога играте на „Бернабеу“, чувството е уникатно, како да играте во Колосеум. Се чувствувам како гладијатор кога играм на „Бернабеу“ и тоа е нешто многу посебно.

– Знаете за големината на клубот уште пред да дојдете, но кога доаѓате тука, сфаќате дека е уште поголем. Невозможно е да стапнете тука, а потоа да не ве препознаат на улица. Овој клуб е на сосема друго ниво, супериорно во однос на било кој друг во светот, – вели Белингам.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни