Поврзете се со нас

Шпанија

Белингам со важно ветување за фановите на Реал Мадрид

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Џуд Белингам полека ја враќа својата форма од минатата сезона во дресот на Реал Мадрид, а денеска зборувал и на прес-конференцијата пред дуелот со Пачука во Интерконтиненталниот Куп.

Англискиот репрезентативец добил многу прашања од новинарите, но зборувал и за начинот на кој игра неговата екипа во првиот дел од сезоната.

– Факт е дека не ја започнавме најдобро сезоната и не можеме да постигнеме посакувано ниво.

– Правиме еден чекор напред, па два наназад, но сезоната е долга.

– Имаме неколку промени во тимот, тука се и проблемите со повреди, но сепак сме релаксирани. Убеден сум дека ова ќе биде добра сезона, ќе ја завршиме играјќи добар фудбал и мора да го покажеме тоа почнувајќи од ова финале, – рекол Белингам.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни