Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Белингам со спомени од минатогодишното четвртфинале со Сити: Бев умрен од страв, но…..

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Манчестер Сити и Реал Мадрид четврта година по ред ќе ги одмерат силите во Лигата на шампионите, по што слободно може да се заклучи дека нивната пресметка станува европски фудбалски класик.

Англискиот и шпанскиот првак за првпат ќе се сретнат во една толку рана нокаут фаза во најелитното натпреварување, меѓутоа страста и мотивација кај играчите останува иста како да се игра четвртфинале или полуфинале.

Станува збор за два тима кои не можат да сокријат ништо еден од друг, па јасно е дека на крајот пресудна ќе биде мотивацијата, но и актуелната форма.

Реал Мадрид лани славеше во тесен двомеч и излезе како победник во четвртфиналето дури по пенал рулетот на „Итихад“, а своите спомени од тој меч сега ги сподели Џуд Белингам.

– Кога тргнав да го изведувам пеналот на „Итихад“, бев умрен од страв. Да бидам искрен, 20 минути се подготвував ментално за да го изведам пеналот. На тој начин докажав дека вредам да го носам дресот на Реал. Не сакав да излезам и да побарам измена, сакав да шутирам пенал и да докажам дека сум достоен за да играм за Реал. Кога го победивме Сити, за првпат помислив дека можеме да ја освоиме титулата во Лига на шампиони, – вели Белингам во документарецот за „Амазон прајм“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни