Шпанија
Белингам со измешани емоции: Најпрво го изневерив тимот, па покажав дека можам да бидам лидер на Реал!
![](https://derbi.mk/wp-content/uploads/2025/01/jud-mestalla.jpg)
Џуд Белингам не успеа да го надмудри Столе Димитриевски во соочувањето кое го имаа во 55-та минута и го погоди само дирекот, но Англичанецот уште еднаш демонстрираше дека поседува неверојатен карактер и во продолжение успеа да си издигне и да прерасне во херој на Реал Мадрид.
„Кралевите“ направија пресврт против Валенсија со играч помалку на теренот, а најзаслужен за тоа беше токму Џуд кој запиша асистенција до Модриќ, но потоа и гол за победа од 1:2.
Сосема очекувано, Белингам прерасна во јунак во тешко извојуваната победа на новиот лидер во Ла Лига, а со тоа го поправи својот импресивен учинок со седум постигнати гола на последните осум натпревари во домашното првенство.
– Ова беше луд натпревар во секоја смисла на зборот. Многу е тешко да промашите пенал кога тимот очекува толку многу од вас. Се чувствував како да го изневерив тимот и бев лут на себе, но морав да останам концентриран и да продолжам да играм најдобро што можам.
– Покажавме од каков материјал е направен Реал Мадрид, ние секогаш сме најдобри, особено во ваква предизвикувачка атмосфера. Кога го носите дресот на Реал Мадрид, никогаш не може да се откажете, без разлика на околностите. Наместо да ме обвинуваат, кога го промашив пеналот соиграчите дојдоа да ме утешат. Покажавме карактер со 10 играчи на теренот, останавме цврсти и обезбедивме три важни бода во битката за титулата.
– Постигнав гол и забележав асистенција, а знаев дека играм добро и покрај промашениот пенал. Сакам да бидам лидер на овој тим, а овојпат покажав дека го можам тоа, – изјави Белингам.
-
Англија24 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП18 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија17 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Репрезентација19 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија16 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Германија20 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Италија15 часа
Проблемите се надминати, Елмас добива нов соиграч од Милан