Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Белингам призна дека доживеал пад во формата: Мојата улога во тимот се промени

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Џуд Белингам имаше нестварен старт на авантурата во Реал Мадрид и постави бројки кои изгледаа застрашувачки, но во последно време не е во препознатлив ритам и Англичанецот последниот гол за „кралевите“ го постигна пред два месеци.

Најголемото летно засилување имаше мала повреда на зглбот која го извади од ритам, а според Џуд, токму тоа е причина за неговиот пад во формата во клучниот дел од сезоната.

Сепак, Белингам се надева дека тоа ќе се промени утре на „Итихад“ и дека ќе може да биде одлучувачки за својот тим, кој ќе бара фудаблска одмазда за тешкиот пораз од Сити пред една година (4:0).

– Зборував со неколку соиграчи за поразот од 4:0 и многумина болно се сеќаваат на тоа. Сепак, утре нема да почнеме со негатива од 4:0, сите сме максимално мотивирани и влегуваме во мечот со голема самодоверба. Знаеме дека играчите на Сити се непредвидливи, секој може да направи разлика и мора да се браниме како тим. Мора да бидеме храбри и да останеме верни на вредностите кои ги имаме.

– Мојот пад? Првиот дел од сезоната го почнав многу добро и сметам дека мојот ритам беше убиен од повредата која ја здобив. Ги надминав болките во зглобот, играв добро против Валенсија и постигнав гол, но наместо погодок, добив суспензија. Сето тоа влијаеше на мојот ритам и вистина е дека мојата улога во тимот се промени во изминатите неколку месеци. Сепак, јас верувам во себе и не се занимавам со критичарите. Верувам во тоа што го правам, – изјави Џуд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни