Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Белингам откри што правел Анчелоти пред мечот со Сити и ги изнасмеа фановите на Реал

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Џуд Белингам имаше доста обврски кон светските медиуми по крајот на спектакуларното четвртфинале меѓу Манчестер Сити и Реал Мадрид, особено поради тоа што неговиот тим се одбрани на „Итихад“ и успеа преку пенал рулетот да излезе како победник.

Белингам презема одговорност и го погоди пеналот со кој Реал се врати во игра, но како и обично, Англичанецот посебен акцент стави на тимската игра и сплотеноста која ја покажале тој и неговите играчи во текот на сите 120 минути.

Џуд не пропушти да го нагласи и значењето на Дон Карло Анчелоти кој со својата смиреност сее голема самодоверба меѓу фудбалерите, а интересно откри и што правел искусниот Италијанец пред самиот старт на реваншот во Англија.

– Ја остваривме целта како тим, моравме да страдаме и да се жртвуваме на теренот. Секој од нас играше нешто што обично не го игра на теренот. Најважно е што успеавме во намерата, наша најголема сила е тоа што тренерот ни дозволува да имаме слобода на теренот. Други тимови се многу поструктурни од нас, имаат одреден шаблон и не отстапуваат од него, додека ние сме целосна спротивност.

– Нашиот тренер не исполнува со мир и самодоверба пред секој важен натпревар. Го уловив како зева пред натпреварот и го прашав дали е изморен. Ме погледна и ми рече: Мора да излезете на терен и малку да ме разбудите….. Таков мир и таква добра атмосфера секогаш добро влијаат врз фудбалерите, – открива Белингам.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни