Поврзете се со нас

Европски првенства

Белингам откри на кој играч помислил додека ги правел „ножичките“ за спас на Англија

Објавено

на

Foto:x.com/England

Џуд Белингам во секоја смисла е најдобар играч во англиската фудбалска репрезентација, но талентираниот фудбалер покажа дека веќе е лидер на 21-годишна возраст.

Во моменти кога Англичаните изгледаа загубено и се чинеше дека се на работ од бездната, Џуд изведе сензационални „ножички“ и донесе спас за фаворитот, па неговиот неверојатен гол го однесе мечот против Словачка во продолженија.

Магијата на Белингам уште долго ќе се врти во најавите за Европските првенства, а говорејќи за потегот неколку дена по мечот, Џуд откри дека помислил на некогашната легенда на Реал Мадрид.

– Тоа беше инстинктивен потег, едноставно топката падна на перфектно место со оглед на положбата која ја имав во шеснаесетникот.

– Топката беше малку зад мене и кога бев веќе во воздух, си го помислив следното: Боже мој, јас сум два метри над земјата, исто какошто правеше Кристијано Роналдо…….

– Контактот со топката беше добар и кога се свртев, видов дека истата влегува во гол. Тоа е еден од најважните моменти во мојата досегашна кариера, – признава Џуд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни