Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Белингам: На првиот меч Арсенал имаше играч повеќе, но подготвени сме за пресврт!

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Џуд Белингам беше навистина критички настроен откако Реал Мадрид загуби со 3:0 на „Емирејтс“ на натпреварот кој се одигра пред седум дена, а денеска нему му дојде ред да прави најава за реваншот, кој многумина со нетрпение го очекуваат.

Реал Мадрид ќе брка негатива од 3:0 и ќе има пеколно тешка задача да избори пласман во полуфиналето, но поради сето она што „кралевите“ го направија во најелитното натпреварување изминатите сезони, сите во тимот веруваат во кам-бек и ново европско чудо.

Белингам во своето обраќање посочи дека Арсенал играл со играч повеќе на првиот натпревар во Северен Лондон, а сега бара од себе и своите соиграчи да се прикажат во далеку подобро светло, издание на кое ќе останат горди сите присутни на „Сантијаго Бернабеу“.

– Кога трчате помалку, шансите се победа се намалуваат. На првиот меч сме истрчале 14 километри помалку од Арсенал. Тоа е како Арсенал да имал играч повеќе на теренот, а можеби и малку повеќе. Секако дека тоа влијае врз играта, а во дадениот случај влијаеше и врз резултатот. Сепак, трчањето не може да ви донесе се, мора да бидете паметни и да трчате во дадени моменти. Утре ќе трчаме многу повеќе од првиот натпревар и се надевам дека ќе имаме далеку подобар план за игра.

– Изминативе неколку дена најчесто го слушам зборот „пресврт“, мислам дека го слушнав илјада пати. Исто така, видов илјадници видеа од фановите и новинарите, а тоа ни дава дополнителна мотивација да бркаме победа и пласман во следната фаза. Мислам дека утре не чека ноќ која е создадена за Реал Мадрид, ноќ во која може да испишеме нова историја. Сакаме да придодадеме уште еден кам-бек во историските пресврти на Реал Мадрид, – порачува Џуд.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни