Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Белингам му посака „добредојде“ на Мбапе, па откри каква порака си разменил со Санчо пред финалето во ЛШ

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Играчите на Реал Мадрид денеска го имаа првиот медија-ден и направија свој вовед за големото финале во Лигата на шампионите, пред кое ѕвездите на „кралскиот клуб“ не можеа да ја избегнат темата која е многу популарна.

Реал се насочи кон освојување на 15-та титула во Лигата на шампионите, но по се изгледа се чека само крајот на финалето за официјално да се објави веста која се провлекува во јавноста веќе некое време, а тоа е ангажманот на Килијан Мбапе.

Французинот треба да биде најголемото засилување за следната сезона, па сега доби зелено светло и од играчот кој оваа сезона внесе позитивни ветришта во тимот на Карло Анчелоти.

– Мбапе? Секако дека сакам да играм со него, зарем има некој во светот што не сака да игра со него? Не сакам да му правам уште поголем притисок, но ќе биде навистина добро да ни се приклучи, – изјави Белингам, кој како поранешен член на Борусија Дортмунд, откри дали се допишува со своите доскорашни соиграчи пред големото финале кое се игра во сабота.

– Не сум зборувал со ниту еден играч на Борусија оваа недела. Зборував со Санчо претходно и си рековме дека се гледаме во финалето. Тој е човек кој ме зема под своја закрила кога пристигнав во Борусија и имаше многу големо значење за мене, – открива Џуд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни