Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Белингам: Ја загубив насмевката само поради една причина

Објавено

на

Foto:x.com/realmadrid

Џуд Белингам мина низ навистина тежок период и немаше постигнато гол за Реал Мадрид од стартот на сезоната, но на последнивте два меча на двапати се запиша во листата на стрелците.

Тоа направи да видиме еден насмеан и релаксиран Џуд по победите над Осасуна и Леганес, слика на која фановите подзаборавија во последните шест месеци.

Во најавата за дерби пресметката со Ливерпул, Белингам отворено говорел пред новинарите и за сериозните фацијални изрази од стартот на сезоната, откривајќи дека во себе тлеел големо разочарување поради третманот кој го добил во родната земја.

– Сметам дека сум во добра форма од стартот на сезоната, а недостасуваа само головите. Ја загубив насмевката по Европскоот првнество, бидејќи почнаа да ме третираат како што не ме третираа дотогаш.

– Цела вина ја префрлија кај мене, но сега се вратив во репрезентацијата со доста нови лица во тимот. Ја загубив насмевката поради репрезентацијата, тоа немаше врска со Реал. Кога играм за Реал, јас сум најсреќен човек во светот. Недостигот на насмевка беше поради случувањата по Европското првенство, но сега сигурен сум дека почесто ќе ме гледате насмеан, – им порачал Белингам на новинарите.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни