Лига на шампиони
Белингам ја осмисли акцијата за гол, 30 секунди подоцна следеше фудбалска бравура (Видео)
Џуд Белингам игра во неверојатна форма во последно време, па сите критичари кои му забележуваа за тивкиот старт на сезоната, сега не можат да кажат ниту еден лош збор за Англичанецот.
Белингам е убедливо најдобар играч на Реал по поразот од Милан во Лигата на шампиони и постигна шест гола на последните седум натпревари, а оној против Аталанта вчера во Бергамо беше навистина извонреден.
Џуд го „измести“ чуварот со елегантно движење и погоди силно со својата послаба лева нога, но интересно е во целата оваа ситуација што имало и увертира на ремек-делото.
Непосредно пред да постигне гол, Белингам побара од Винисиус да ја пробие зонската одбрана на Аталанта со висока топка, а само 30 секунди подоцна, следува токму такво сценарио.
Белигам ја осмисли акцијата во својата глава и успеа да ја спроведе на дело, па затоа овој гол стана посебно вирален на социјалните мрежи.
Видеото погледнете го ТУКА
-
Италија22 часа
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Светски првенства20 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Италија17 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Англија23 часа
Кукурелја беше жртва на еден од најбезобразните потези во Премиер лигата, судијата шокираше со одлуката (Видео)
-
Англија21 час
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Македонија20 часа
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…
-
Светски првенства8 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Англија19 часа
Гвардиола ја објасни „кавгата“ со голманот Ортега по ремито со Брентфорд (ВИДЕО)