Поврзете се со нас

Шпанија

Белингам ја коментирал суспензијата за скандалот во Валенсија

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Џуд Белингам реагираше кон судијата Хезус Хил Манцано по крајот на дуелот меѓу Валенсија и Реал Мадрид, а за својата реакција доби црвен картон и суспензија на два натпревара.

Англискиот фудбалер беше бесен на судијата кој ја прекина акцијата која заврши со гол на Реал Мадрид и реализација токму на Белингам, па дисциплинците му одредија казна за тој потег.

– Комплицирано е да се зборува на оваа тема затоа што клубот вложи жалба на одлуката. Она што можам да го кажам е во однос на одлуката на судијата да досуди крај. Тој е само човек, но истото важи и за мене.

– Не кажав ништо навредливо, понекогаш чувствувам дека сум на удар, само затоа што сум нов во лигата.

– За мене тоа не е ништо страшно, мора да преземам одговорност за моите потези. Одлуката да паузирам два натпревара е смешна, но ќе мора да ги пропуштам тие дуели и ќе ги поддржувам соиграчите од трибините, – рекол Белингам за „Мовистар“.

Белингам треба да ги пропушти натпреварите против Селта Виго и Осасуна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни