Поврзете се со нас

Шпанија

Белингам ја дозна казната за добиениот црвен картон на „Месталја“

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Џуд Белингам постигна гол за победа на „Месталја“ во 99-та минута од натпреварот, но пред да го направи тоа, судијата Хил Мансано означи крај и неговиот погодок беше неважечки.

Револтиран од несекојдневната одлука на главниот судија, Англичанецот го нападна Мансано и заработи директен црвен картон за своето однесување, а уште по крајот на дербито кое заврши 2:2, беше јасно дека Белингам ќе добие поголема казна од еден натпревар.

Мансано во својот судиски бележник посочи дека Белингам му се обратил со навредливи зборови и пристапил преагресивно, па поради тоа, дисциплинската комисија денеска му изрече казна од два натпревари.

Наместо стандардната од еден меч која се добива за директен црвен картон, Џуд ќе мора да паузира на два натпревари, а тоа се дуелите против Селта Виго и кај Осасуна.

Реал Мадрид има право да ја обжали оваа одлука на дисциплинското тело, но малку е веројатно дека тоа ќе вроди со плод.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни