Поврзете се со нас

Европски првенства

Белингам испорача загрижувачка изјава за физичката состојба пред осминафиналето на ЕП

Објавено

на

Foto:x.com/England

Џуд Белингам меѓу последните дозна дека Англија ќе игра против Словачка во осминафиналето на Европското пренство, натпревар кој е закажан за в недела во 18:00 часот во Гелзенкирхен.

Младата ѕвезда на Реал Мадрид го постигна голот кој и донесе единствена победа на Англија во групната фаза на овој турнир, а бидејќи цела јавност очекува многу од него, доста загрижувачки се пренесе неговата последна изјава.

Напорната сезона и акумулираниот замор влијаеја врз некое потпросечно лоши изданија кај одредени ѕвезди, па сега Џуд призна дека енергетски бил мртов против Словенија во третото коло.

– Знам дека има и негативни луѓе надвор од стадионот, но оние кои се на стадионот секогаш ни даваат енергија. Кога не можете и чувствувате исцрпеност, фановите ве враќаат со своето навивање.

– Го почувстував тоа на мечот со Словенија, бев целосно мртов со енергија. Но, кога ги слушнав како пејат фановите, повторно се обидов да го дадам максимумот. Кога го носиме овој дрес и овој грб, треба да знаеме дека ги претставуваме сите наши фанови, – вели Џуд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни