Шпанија
Белингам го откри својот ритуал пред секој натпревар (Видео)

Џуд Белингам многу брзо се претвори во ѕвезда број еден во шпанската Ла Лига, примат кој го добива благодарение на неверојатниот старт на новата авантура.
Белингам постигна десет гола на првите десет натпревари како играч на Реал и притоа придодаде уште три асистенции, па Шпанците мораа да се навраќаат низ годините и да одбележат дека последен пат вакво нешто направил само Кристијано Роналдо.
Страшно брзата адаптација на Англичанецот го изненадува и Карло Анчелоти, а новинарите од Шпанија почнаа да се занимаваат и со неговите ритуали пред натпреварите.
Англичанецот им откри на луѓето од телевизијата на Реал дека навистина има специфичен ритуал пред секој меч, односно излегува на теренот многу порано од останатите и се задржува подолго од било кој друг.
– Излегувам на теренот најрано што можам и се обидувам да направам визија за како ќе изгледа мечот. Го гледам стадионот и теренот, гледам каде би можел да се движам и на која позиција ќе играм. Ова го правам од стартот на мојата кариерата. Со само тоа, успевам да си внесам внатрешен мир и благодарение на тоа влегувам без нервоза на натпреварите, – открива Џуд.
🗣️ Jude Bellingham: ¿Ritual antes de los partidos? "Me gusta visualizar el partido, ver el campo y el césped, mis posiciones de juego así me siento más tranquilo y gracias a esto entro al partido sin nervios, me lo enseñaron desde muy pequeño." 🤍pic.twitter.com/UsYbZ2EyaA
— REAL MADRID ♥️ (@AdriRM33) October 7, 2023
-
Шпанијапред 19 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 15 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Англијапред 14 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Светпред 18 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 18 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Англијапред 8 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Италијапред 16 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 19 часа
Бруталниот Кин состави црна листа и наброја десет фудбалери кои треба да бидат ослободени од Тен Хаг