Шпанија
Белингам ги воодушевува фановите, но и своите соиграчи: Роден е да одбележи една ера во најголемиот клуб! (Фото)

Реал Мадрид ја надигра Осасуна во секој поглед и оствари убедлива победа од 4:0, но повторно во прв план се најде Џуд Белингам кој се покажува како неверојатно засилување за „кралевите“ на стартот на сезоната.
Сите во Мадрид беа запознаени со фудбалските квалитети на англискиот репрезентаитвец, но сепак ниту најголемите оптмисти не очекуваа дека ќе има ваков учинок на голгетерски план.
Белингам постигна десет гола во првите десет официјални меча за Реал Мадрид, а такво нешто претходно само му успеа на Кристијано Роналдо кој е најдобар голгетер во историјата на клубот.
Џуд денеска постигна два и продолжи да ги фасцинира фановите, но и своите соиграчи кои не штедеа комплименти за него по крајот на мечот.
– Џуд е неверојатен. Роден е да игра за Реал Мадрид и да одбележи една ера во најголемиот клуб во светот, – изјави Винисиус, а се јави и Дани Карвахал.
– Еднос тавно се прави добро со топката. Дава голови, дели асистенции, се бори за тимот. Сите гледаме каков играч добивме. Не е лесно да се облече дресот на Реал и да се игра вака. Кога го облекува дресот, како да облекува мантил од суперхерој и се прави феноменално со топката, – изјави Дани.
Jude Bellingham has scored 10 goals in his first 10 games for Real Madrid.
The last player at the club to do that was Cristiano Ronaldo 🤯🐐 pic.twitter.com/9RZm6HS4PQ
— ESPN FC (@ESPNFC) October 7, 2023
-
Италијапред 24 часа
Тасоти посочи што треба да биде приоритет за Милан во зимскиот преоден рок: Тоа е од суштинско значeње
-
Англијапред 21 час
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Светпред 9 часа
„Бомба“ од Шкотска: Селтик ќе урива трансфер рекорд за да го доведе Миовски!
-
Балканпред 24 часа
Канаваро пред тренерски ангажман во Турција
-
Светпред 22 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
Англијапред 14 часа
Непроценливо видео: Раја прими смешен гол, Рамздејл му фаќаше сеир од клупата за резерви
-
Европски куповипред 23 часа
Лазаров: Ова е историска победа, ќе продолжиме да работиме за доброто на македонскиот ракомет
-
АТПпред 14 часа
Љубичиќ: Синер не е како Алкарас…