Поврзете се со нас

Шпанија

Белингам е прогласен за МВП во Ла Лига, Анчелоти ја загуби „битката“ со Мичел

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Реал Мадрид со голема предност во однос на ривалите ја заврши сезоната во Ла Лига, во која Барселона мораше да се задоволи само со второто место, додека најпријатното изненадување Џирона обезбеди историски пласман во Лигата на шампионите.

Вечерва се доделени и признанијата за најдобрите во сезоната 2023/24, а најважната награда за МВП на сезоната му припадна на Џуд Белингам од редовите на шампионот.

Белингам блескаше во дебитантската сезона во Ла Лига и беше еден од најважните фактори што Реал неколку кола до крајот успеа да го реши прашањето околу титулата. Признанието го доби во конкуренција на играчи како Иско и Артем Довбик.

Неговиот тренер Карло Анчелоти сепак не беше прогласен за тренер на сезоната, а тоа признание заврши кај предводникот на Џирона, Мичел Санчез.

За најдобар фудбалер до 23 години очекувано е избран Ламин Јамал од редовите на Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни